Театроск ќе биде дел од жири комисијата за живи статуи на најголемиот европски фестивал ЗИГЕТ


Театроск, претставуван од Војо Цветановски и Милена Цветановска ќе биде дел од жири комисијата која ќе одлучува кој ќе го освои првото место на светското првенство за живи статуи кое се случува на најголемиот европски фестивал ЗИГЕТ оваа година.
– Заминуваме утре, а ќе престојуваме на ЗИГЕТ се до вторник. Ќе бидеме дел од фестивал каде ќе настапуваат Foo Figthers, Florence and the Machine, Ed Sheeran, Martin Garix и останати светски ѕвезди. За нас, после победа која ја освоивме со КОНТРАБАСОТ како живи статуи на Зигет минатата година, ова е уште еден огромен  успех. Секако успех и за нашата земја.
Зигет е еден од петте најголеми фестивали каде доаѓаат во просек по 50000 посетители од цел свет и има освоено неколку награди за најдобар фестивал.
Во прилог неколку лични фотографии од минатогодишното издание на ЗИГЕТ.

Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …