Тедрос: Светот мора да биде поподготвен за следната пандемија


Женева, 7 септември 2020 (МИА) – Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека светот мора да биде подобро подготвен за следната пандемија, повикувајќи ги земјите да инвестираат во јавното здравство.

– Ова нема да биде последната пандемија, рече Тедрос на брифинг во Женева.

Тој истакна дека историјата нè учи дека епидемиите и пандемиите се животни факти.

– Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен од што беше овојпат, потенцираше Тедрос.


Видете следно

Нов Зеланд прогласи кризна климатска состојба

Владата на новозеландската премиерка Џaсинда Ардерн денеска прогласи „кризна климатска состојба”. Декларацијата се заснова на …