Технологија овозможува Fruit Ninja да се игра само со поглед


Технологијата неколку години е факт за програмерите за Wondows. Играта Fruit Ninja, на пример, може да се игра не со прстите, туку со очи.

Уредите на Eyetribe се мали dongles, кои се вклучуваат во портата за полнење. Откако се калибрираат со нашите очи, тие можат да бидат употребени.

Компанијата го демонстрираше производот за време на Светскиот конгрес за мобилни технологии, користејќи го големиот паметен телефон на Samsung Galaxy Note II, кој излезе на пазарот во 2012 година. Целта е да се покаже дека технологијата за следење на поглед не бара најмодерен хардвер, за да функционира.

За разлика од повеќето технологии за следење на поглед, оваа не го користи трепкањето како алатка. Кај системите на конкурентите како Tobii можеме да правиме избор од неколку опции во менито со трепкање, но Еyetribe ја преферира комбинацијата од следење на погледот и допирот.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …