Темни економски облаци над Србија


Економската состојба на нашиот северен сосед Србија не изгледа воопшто добро. Стотици илјадници државни службеници и околу 670 илјади пензионери, од октомври оваа година, добиваат помалку пари.

60 проценти од пензионерите добиваат месечно најмногу 210 евра. Овие луѓе се поштедени од отпуштањата, бидејќи нивните пензии се сметаат за премногу ниски. Пензиите до 256 евра сепак се скратени со 3 проценти. А оние над 340 евра – со цели 9 отсто. Државните службеници со плати над 210 евра веќе добиваат една десеттина помалку, а приходите над 840 евра се скратени со една петтина.

Премиерот Александар Вучиќ се надева да договори до крајот на годината нов кредит од ММФ. Во спротивно, како што вели тој, парите во државната каса ќе стигнат само до април 2015 година. ММФ од своја страна инсистираше за понатамошни непопуларни реформи и мерки за штедење.

Друг проблем на Србија е превработеноста во државните органи. Поранешниот министер за финансии Лазар Крстиќ, кој во средината на јули, поднесе оставка во знак на протест против мачните реформи, рече дека Србија може да ја опорави економијата, ако во рок од две години разреши барем 160 000 државни службеници.



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …