Тесла има скоро милијарда долари профит на сметката за биткоин


На почетокот на овој месец, како што напишавме, гигантот за е-возила инвестираше 1,5 милијарди долари во најпознатата криптовалута, сепак, никогаш не беше откриено кога точно и по која цена е купен биткоинот.

Тесла оствари околу 1 милијарда долари профит од „хартија“ од инвестиции во биткоини, тврди еден од аналитичарите на „Ведбуш секјурити“.

Тој додава дека, во текот на целата 2020 година, тие заработувале повеќе од биткоин отколку од продажба на автомобили, иако Елон Маск, основачот на Тесла, се опишува себеси како инженер, а не како инвеститор.

На почетокот на овој месец, како што напишавме, гигантот за е-возила инвестираше 1,5 милијарди долари во најпознатата криптовалута, меѓутоа, никогаш не беше откриено кога точно и по која цена е купен биткоинот.

Познатата дигитална паричка доживеа вртоглав раст во последно време, а моментално вреди околу 56.300 долари. За викендот беше направен преседан, за прв пат во историјата, биткоинот ја надмина вредноста од 57 000 долари. Пазарната вредност на сите биткоини, исто така, надмина една милијарда долари за прв пат минатата недела.


Видете следно

Во Берово Инфо ден по распишаниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Општина Берово организира инфо ден по распишаниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации …