ТХП: Со основање на Центар за култура на турската заедница исполнета клучна точка од нашата програма


Вчерашната одлука на Владата за основање на Национална установа “Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија” со седиште во Скопје е историски чин за турската заедница, која прв пат во историјата на независна Република Северна Македонија добива национална институција која ќе ги афирмира и негува културните вредности на Турците во Северна Македонија.


Со одлуката за основање на оваа национална установа, Партијата за движење на Турците – ТХП исполнува една од клучните точки на партиската програма, што нѐ прави особено среќни и горди, а и нѐ мотивира да продолжиме да креираме и да се залагаме за политики кои носат добробит за турската заедница, но и целокупното општество.


Со оваа национална установа од доменот на културата ќе се поттикне и ќе се промовира интеркултурализмот и ќе се овозможи афирмација на културата на турската заедница, со што Владата докажува дека се грижи и за помалкубројните заедници во нашата земја.

Партија за движење на Турците – ТХП