ТикТок гази на пазарот – Добивката и приходите двојно зголемени во 2020 година


Добивката и приходите на кинескиот сопственик ТикТок се дуплираа во 2020 година, потврдувајќи ја популарноста на апликацијата во пандемијата на коронавирусот.

Вкупните приходи на Bytedance скокнаа за 111 отсто минатата година, на 34,3 милијарди долари, јави Би-Би-Си цитирајќи интерно писмо од раководството до работниците.


Бруто добивката исто така се удвои, на 19 милијарди долари. Компанијата ја заврши годината со нето загуба од 45 милијарди долари поради еднократно прилагодување на сметководството, за кое вели дека не е поврзано со нејзиниот бизнис. зш/

Лондон, 18 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19

Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) – ЈуТјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира …