Тиквеш со нов рекорд во освоени медали за своите вина


Вината на „Тиквеш“ донесоа нови успеси од два светски натпревари. Трите вина на Винарската визба „Тиквеш“ кои учествуваа на реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge – Vienna 2017, освоија медали. Во конкуренција од над 12000 пријавени вина од 40 земји, златен медал освои белото вино на „Тиквеш“ Grenache Blank Special Selection (Гренаш Бланк Спешал Селекшн) од бербата 2016, а сребрени медали добија црвеното вино Alexandria Cuvee (Александрија Куве) берба 2015 и белото вино Temjanika Classic (Темјаника Класик) 2016.

Истовремено, на најголемиот вински натпревар што се одржува на азискиот континент – Decanter Asia Wine Awards 2017, сребрени медали освоија две црвени вина на „Тиквеш“ – Barovo (Барово) и Alexandria Cuvee (Александрија куве) од бербата во 2015, а бронзен медал освои Domaine Lepovo Grand Cuvee (Домен Лепово Гранд Куве), берба 2015.


Видете следно

Струга по 58- ми пат ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуените културни манифестации во земјава

Струга задутре, 21 август, по 58- ми пат ќе стане сцена на една од најголемите и …