Тимот на ВК Енерџи помеѓу освојувачите на 4 Острови


ВК Енерџи со вкупно време од 16 часа и 46 минути се запиша на листата на освoјувачи на склучителниот маунтинбајк предизвик како прв македонски тим кој воопшто посегнал по ,,4 Острови”.

Постигнувајќи го деветото место во генералниот пласман во истата категорија со исклучителни возачи како Тања Жакељ и Урбан Ференчак (Unior Sinter), Јосеф Хладик и Катарина Дрхова (Ceska sporitelna), Џани Симчиќ и Миа Радотиќ (Giant), Томас Каталениќ и Кристина Лукачевиќ (Rog Joma&Continental), Дуња Ивановa и Љубиша Кондев со исклучителна умешност и динамика ги совладаа немилосрдните искачувања, брзите спустови и карпести премини, преку серпентини со остри завои и бескрајни камени предели, технички и диви предизвици минувајќи низ Крк, Раб, Црес и Лошињ со вкупна должина од 260 километри.


,,4 Острови” не е трка за секого. Она што се шепотеше помеѓу натпреварувачите на 99 тимови на годинешното издание е неопходната физичка подготовка, сила, храброст и умешност на сите нивоа, но и силна ментална цврстина која ќе ве донесе до финишот. ВК Енерџи, успеа.


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …