Тој е новиот директор на ЈП државни патишта – Кој е Ејуп Рустеми?!


Ејуп Рустеми, досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти денес премиерот Зоран Заев по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик во институтот „Крсте Мисирков“. Рустеми ќе го замени Зоран Китанов од СДСМ.

Рустеми беше назначен за директор на АД„Пошта на Северна Македонија“ во август 2018 година.

Во периодот од 1996 до 2002 год., работи како професор по математика и информатика во ДСУ „Ѓоце Стојчески“, Тетово.

Од 2002 до 2006 год., избран е за пратеник во Собранието на Република Македонија. Покрај функцијата пратеник, претседател е на Комитетот за односи меѓу заедниците и член е на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Периодот од 2006 до 2007 год., е на позиција извршен директор во АД „ Гама“, а од 2007 до 2008 асистент е на Природно математичкиот факултет на Државниот универзитет во Тетово, насока информатика.

Функцијата генерален директор на АД „Македонска пошта“ ја извршува од 2008 до 2011 год.

За директор на Агенција за стоковни резерви на Р. Македонија е избран во 2011 год., каде останува до 2013 година, и истата година од месец март до месец јуни ја извршува функцијата директор на Агенција за управување со одземен имот на Р. Македонија.

Од 2013 до 2014 год., асистент е по предметот технологија на информациите, на Природно математичкиот факултет на Државниот универзитет во Тетово, насока информатика.

Во 2014 год., повторно е избран за пратеник во Собранието на Р. Македонија, каде покрај функцијата пратеник, претседател е на Комитетот за односи меѓу заедниците, член е на Комисијата за транспорт, врски и екологија и член на Комисијата за образование, наука и спорт.

На позицијата генерален директор на АД „Македонска пошта“ доаѓа како доктор на науки по информатика, на Природно математичкиот факултет на Државниот универзитет во Тетово. Автор е на голем број на научни трудови. Го зборува македонскиот и англискиот јазик.

Неговите активности во Собранието се бројни, па така бил во Комитет за односи меѓу заедниците, претседател, член на собранискиот парламентарен канал, член
во Комитет за транспорт, комуникација и животна средина, член во Комисија за образование, наука и спорт, член во Комитет за надзор над примената на техниките за следење на комуникацијата од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, заменик-член во Комисија за економија, заменик-член
Комисија за труд и социјална политика, заменик-член Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија. Исто така Рустеми бил и член во пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија и член во пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Ирска и Кралството Холандија.


Видете следно

Кои се најголемите проблеми со кои децата се соочуваат во однос на насилството, дискриминацијата, децата на улица, образованието, слободното време и животната средина?

Деновиве во јавноста беше презентиран последниот извештај на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ за …