Топ 10 на хакерските држави


Опкружени сме од компјутерски криминалци како од север, така и од југ. Кога станува збор за хакери, обично нашата прва асоцијација е Кина. Да, азиската држава навистина е често вмешана во компјутерски криминал, но пак не е единствениот вообичаен осомничен.

Според рејтингот, изготвен од Akamai Technologies и претставен од агенцијата Bloomberg, десет од земјите во светот одговараат за три четвртини од сајбер нападите во последниот квартал на 2012 година.

Еве ја црната листа:

10. Унгарија

Унгарија одговорен за 1.4% од сајбер нападите во крајот на 2012 година.

9. Италија

На Италија паѓа удел од 1,6%.

8. Индија

Индија е виновна за 2,4% од хакерските напади низ светот

7. Романија

На седмото место е Романија, со удел од 2,8%.

6. Бразил

Бразил се регистрира пад на хакерските напади – од 4,4% на крајот на 2011 година, до 3,8% во третиот квартал на 2012 година и 3,3% – во четвртиот.

5. Тајван

Тајванците се виновни за 3,7% од компјутерските злосторства во крајот на 2012 година

4. Русија

Во Русија се смета смирување на ситуацијата од 6,8% до 4,3% за октомври-декември 2012 година

3. Турција

Бронзен медал е Турција, со удел од 4.7% од светскиот компјутерски криминал.

2. САД

Секој десетти хакерски напад во светот потекнува од САД.

1. Кина

Кинезите може и да не се секогаш виновни, но имаат удел од 41% на хакерски напади. Само една година порано Народната република била одговорна за само 13% од сајбер нападите, наведуваат од Akamai, а во третиот квартал уделот бил 33%.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …