Тоше Проески: „Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари. Подобро парите што мислеле да ми ги дадат, да ги поделат на сиромашните“


Многу реакции ги преплавија социјалните мрежи во врска со денешната прослава низ 15 градови што ја организира Владата за поканата за членство во НАТО. Некои изведувачи велат дека не биле информирани за ваквата прослава и не знаеле за што потпишале договор.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека земјата не е ни блиску до покана, ниту до членство во НАТО и ЕУ и дека ова се лаги на СДСМ.

Но, да се потсетиме на изјавата на еден нашите најголеми естрадни уметници досега, Тоше Проески. Тој еднаш рече „Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари. Подобро парите што мислеле да ми ги дадат, да ги поделат на сиромашните. Тогаш ќе пеам за сите политички партии“

 

Видете следно

Сараево Филм Фестивал и Atlantic Grupa „Сите ние сме од истиот филм“

Сараево Филм Фестивалот и Atlantic Grupa уште еднаш со заеднички сили покажаа дека уметноста на …