Toyota останува најскапиот бренд во светот


Toyota останува најскапата марка на автомобили во светот. Тоа го покажува рејтингот, составен од компанијата Interbrand. Во него учествуваа 100 брaндови од целиот свет, а меѓу нив има 13 автомобилски производители.

Јапонската компанија е на чело на оваа листа 11 година по ред. Таа е проценета на 42,392 милијарди американски долари, што е за 7 милијарди повеќе од 2013 година. Toyota сепак го зазема 8-то место во генералниот пласман, на чело на која е Apple (118,863 милијарди). Потоа следат Google – 107,439 милијарди., Coca Cola – 81,563 милијарди.

Второто и третото место кај автомобилските марки го задржуваат Mercedes-Benz (34,338 милијарди, 10-то место во вкупниот пласман) и BMW (34,214 милијарди – 11-то место). Следат Honda (21,673 милијарди, 20-то место), Volkswagen (13,716 милијарди, 31-то место), Ford (10,876 милијарди, 39-то место), Hyundai (10,409 милијарди, 40-то место), Audi (9,831 милијарди, 45-то место), Nissan (7,623 милијарди, 56-то место), Kia (5,396 милијарди, 74-то место), Chevrolet (5,036 милијарди, 82), Land Rover (4,473 милијарди, 91-о место).

Интересно е дека од Топ 100 на марките падна Ferrari, кој оваа година е проценета на 4,133 милијарди долари. Минатата година италијанската компанија беше прогласена за највлијателна во светот.


Видете следно

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од …