Toyota планира “летечки” автомобили


Јапонскиот автомобилски гигант Toyota работи на создавање на автомобили кои можат да се движат над патот. Ова го откри еден од врвните менаџери на компанијата Хиројси Јосики за време на конференцијата „Next Big Thing”, соопштија од The Verge.

Според зборовите на Јосики кој е раководител на техничкиот оддел на Toyota, компанијата не планира да развива типични летечки автомобили, а оние кои работат на принципот на воздушното перниче.

„Ова ќе им овозможи да се намали триењето и да се зголеми заштедата на гориво кај возилата”, изјави топ менаџерот на компанијата за време на конференцијата. Тој не откри од кога Toyota се интересира за идејата, како и кога се предвидува нејзино реализирање.

Јосики навести дека веќе разговарал со изгледите за создавање на вакво возило со претставникот на Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA) Дејвид Фридман.

Технолошкиот гигант Google претходно претстави оваа година машина без педали и волан, која е управувана целосно по електронски пат без никакво човечко учество. Google планира изградба на околу 100 примероци од овие автомобили, кои да се тестираат на патиштата.

 


Видете следно

Украина позајмува 5,5 милијарди американски долари од ММФ

Меѓународниот монетарен фонд објави дека постигнал принципиелен договор со Украина за заем од 5,5 милијарди …