Toyota со 5 милиони продадени хибридни возила


Глобалната продажба на бензински и електрични хибридни возила од марката Toyota ја поминале бројката од 5 милиони примероци од нивната појава на пазарот до денес.

Toyota соопшти дека до крајот на март се продадени околу 5,125 милиони хибридни возила. Главна улога за успехот на технологијата тука има првиот масовен хибриден модел Toyota Prius, кој е пуштен на пазарот во далечната 1997 година.

Електричните хибриди поседуваат зголемена економичност благодарение на технологијата која автоматски се префрла помеѓу бензински мотор и електричен мотор во зависност од моменталната брзина и други услови при патување, а самата батерија на автомобилот се полни за време на движење.

“Оваа технологија има направено огромен успех со своето масовно ширење”, коментира за случајот вицепредседателот на одборот на директори на Toyota Такеши Учијомада, ака таткото на Prius. “Верувам дека има многу повеќе простор за оваа технологија за развој”, додава тој.

Денес хибридните модели на Toyota формираат 14 проценти од глобалната продажба на компанијата во светот и 40% од оние во Јапонија. Моментално автомобилскиот гигант нуди 19 хибридни и еден модел со акумулатори, а се очекува до крајот на 2015 година Toyota да пушти на пазарот уште 18 нови модели на струја и бензин.

“Хибридните автомобили денес се претвораат во основна технологија”, коментира со задоволство Такеши Учијомада, пренесе екон.


Видете следно

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за …