Foto: Profimedia

Трамп: До крајот на годината ќе има 100 милиони вакцина против Ковид-19


Вашингтон, 17 септември 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцина против новиот коронавирус би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината.

– Откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината… ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп.

Претходно, директорот на Центарот за конторла и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека вакцината против Ковид-19 би можела да се најде во широка употреба до средината на следната година или малку подоцна.


Видете следно

Прв телефонски разговор Путин-Бајден

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, првпат по изборот на …