Трамп со извршени уредби ја намалува цената на лековите во земјата


Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша четири уредби за намалување на цената на лековите на рецепт.

Едната регулатива дозволува легален увоз на поевтини лекови од Канада и некои други земји, додека другата бара попустот што производителите на лекови им го даваат на дистрибутерите сега да им се дава и на пациентите.

Третата регулатива се однесува на намалување на цената на инсулинот, а четвртата, што може дури и да не важи доколку пропаднат разговорите со фармацевтските компании, бара цените на лековите во програмата за здравствено осигурување „Медикер” да бидат исти како и во другите земји.

Американскиот претседател притоа кажа дека претставниците на фармацевтските компании побарале состанок во Белата куќа, јави „Гласот на Америка” (ВОА).

-Ќе видиме како тоа ќе оди, ние сме подготвени да одиме со тоа, рече директорот на програмата „Медикер”, Сема Верма.

Американското здружение на фармацевтски производители и истражувачи соопшти дека декретите на Трамп се „безочно  пренасочување на вниманието и слабеење на пандемискиот одговор на коронавирусот”.

Трамп повеќе пати повикуваше на намалување на цената на лековите, но таков закон никогаш не беше донесен во Конгрес.

Многу од претходните обиди на претседателот да ги намали цените на лековите не успеаја бидејќи фармацевтската индустрија се противеше на тоа.

Трамп најави и нов предлог закон за здравствена заштита.

Вашингтон, 25 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Дополнетиот ребаланс со амандмани во Собранието, дебата неделава, а наредната реализација на мерките

Ребалансот на Буџетот со вградени амандмани и од комисиската расправа во Собранието се очекува до …