Трансферот на Роналдо предизвика штрајк на вработените во Фиат


Италијанскиот синдикат најави дека работниците на Fiat Chrysler Automobiles во фабриката во Мелфи излегуваат на штрајк против трансферот на Кристијано Роналдо во “Јувентус” во вредност од 105 милиони евра.
Се смета дека дел од оваа такса ќе биде платена преку спонзорство на компанијата мајка на “Јуве” Exor, која ги поседува FIAT и Ferrari, што предизвикува жестока реакција од страна на синдикатот.

“Неприфатливо е, додека работниците од FCA и CNHI продолжуваат да прават огромни економски жртви, компанијата да троши стотици милиони евра за купување на играч”, се вели во соопштението.

“Ни беше кажано дека времињата се тешки, дека мора да се прибегнеме кон мрежите за социјално осигурување, чекајќи нови модели кои никогаш не пристигнуваат”.

“Работниците на Fiat го градат богатството на компанијата најмалку од три генерации, но во замена тие добиваат само мизерен живот. Компанијата треба да инвестира во модели на автомобили кои ја гарантираат иднината на илјадници луѓе, наместо да збогатуваат само еден”, велат уште демонстрантите.

Синдикатите најавија штрајк во FCA Melfi помеѓу 10:00 во недела, 15 јули и 18:00 во вторник, на 17-ти јули.

Фамилијата Ањели има удел од 63,77 отсто во “Јувентус”, исто така, поседуваат 29,8% од конгломератот, од кој се дел од Fiat и Ferrari.

Видете следно

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Телекомуникацискката компанија Вип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда.  Лоцирана во центарот …