Трас: Ги поддржуваме Киев и стабилноста на Западен Балкан


Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас денеска изјави дека рускиот упад во Украина би бил стратешка грешка, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека руската агресија би предизвикала „сериозни последици”.

Таа истакна дека секој навод оти Алијансата ја провицира Русија е лажен.


Блинкен посочи дека движењата на руските трупи се „невообичаени” и додаде дека секоја руска акција за ескалација би предизвикала „голема загриженост” во САД.

Трас и Блинкен на состанокот на министерите за надворешни работи на НАТО во главниот град на Летонија, Рига се осврнаа и на стабилноста на Западен Балкан.


– Стоиме зад нашите демократски пријатели против руските малигни активности,. Ќе ги поддржиме Украина и стабилноста на Западен Балкан, посочи Трас. ми/

Рига, 30 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …