Трендафилов: Најавена е уште една епизода од сапуницата „Јустиција и нејзините реформатори


„Најавена е уште една епизода од сапуницата „Јустиција и нејзините реформатори”. Имено, денеска „угледните членови” на уште поугледниот обвинителски Совет, рутинирано и професионално ќе ја одиграат својата добро позната улога на кастински чувари и заштитници, се разбира, сето тоа спакувано во пакетот – Согласно Уставот и Законите!

За десет дена се навршуваат три години од скандалот со фалсификуваните документи на конкурсот за обвинители при Академијата за судии и обвинители, документи поднесени од страна на кандидати за обвинители. Обвинителството и по три години не одговара колкумина од тие лица и понатаму работат како стручни соработници. И по три години, јавноста нема информации што се случи со меѓународната правна помош која Основното Јавно Обвинителство ја побара во рамките на предистражната постапка.

Оваа дилема не е предвидена во сценариото. Всушност, веројатно гледачите и веќе заборавиле дека воопшто и имало таква епизода. Нивното внимание сега го задржува судбината на напуштената Katy,или, што со оној силен и добро платен правосудно-роднински персонал кому бројот не му знае?! Добро, за почеток секако ќе ги здомиме, сепак се наши деца, јас тебе, ти мене е мотото на оваа весела дружина.

Се разбира, доколку и нешто тргне наопаку, тука се секогаш расположените „лидери” да се договорат што е најдобро за нас, а кога тие еднаш ќе се договорат, потоа се е поинаку, за наша среќа и подобро.

Затоа, да седнеме удобно во кругот на најблиските, не мора со грицки и така се лоши за здравјето на нацијата, и да проследиме уште една епизода од серијата „Јустиција и нејзините реформатори” и не се грижете за Katy, имаме многу како неа!“

 Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ



Видете следно

Премиерот Заев во телефонски разговор со Столтенберг: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции наш стратегиски и суверен избор

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Генералниот секретар на НАТО, Јенс …