Трета фаза од прскање против комарци во Скопје


На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.


– Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, апелираа од Град Скопје. см/дма/
v


Видете следно

Граѓаните во Скопје спасија над 111 милиони денари од уништување

Кога сте добро организирани, 24 часа е доволно време да патувате на другата страна на …