Трета година од претседателскиот мандат на Доналд Трамп


Трамп бил роден и израснал во подрачјето Квинс во Њу Јорк каде што станал дипломиран економист на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968. Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвивжности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп (англиски: The Trump Organization) каде што моментално е извршен директор и претседател.

Доналд Џон Трамп е 45тион претседател на САД. Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум, и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. На полни 70 години, Трамп ќе стане најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи Роналд Реган и Џорџ Вашингтон. Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.


Видете следно

Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера го прими министерот за надворешни работи на …