Трговците на мало во туристичките места да можат да работат во недела, предлага Министерството за економија


Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието на Република Северна Македонија.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.


Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците. оџ/дма/


Скопје, 12 мај 2022 (МИА)


Видете следно

Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис форум во Хрватска

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори …