Tри награди за три дена – Семос Едукација доминира на домашната и светска IT сцена


Неделава Семос Едукација постави нов личен рекорд со тоа што во три дена освои три награди, меѓу кои и една интернационална награда.


„Немаме граници освен оние кои сами ќе ги поставиме. Секој од нас треба да инвестира во себе.“ – вели генералниот директор и сопственик на Семос Едукација Валентина Тасева

Овие награди се доказ дека предизвиците може да се конвертираат во можности, па дури и да донесат награди.


1. Награда за најиновативна компанија за 2021 од Цертнексус (CertNexus)

Предизвик: Вештачката интелигенција е технологија на иднината. Како во нашата држава да се етаблира оваа технологија која нуди можности за развој на нови модерни бизниси и развој на нови перспективни кариери во иднина?

Решение: Бесплатна обука за 1.000+ млади на тема вештачка интелигенција (AI)

Семос Едукација одржа масовната бесплатна обука за вештачка интелигенција во јуни годинава. Целта на проектот беше креирање на остручени умови со светски признаени сертификати, со што нашата држава ја става на мапата меѓу оние држави во светот кои поседуваат значителен интелектуален капацитет. Нашите професионалци остануваат „дома“, а извезуваат знаење насекаде во светот.

Импресиониран од целата оваа иницијатива глобалниот бренд Цертнексус на Семос Едукација им ја доделија наградата за најиновативен партнер во светот за 2021 година.

*CertNexus е независно сертификациско тело кое обезбедува сертификати за нови технологии и микро-акредитиви за деловни корисници, програмери и професионалци за ИТ безбедност.

2. Награда за најдобро деловно работење 2021

Предизвик: Неизвесност во бизнис функционирањето предизвикано од светската пандемија.

Решение: Внимателно располагање со финансии и целосна дигитализација на целата компанија и сите процеси.

Во изминативе две години секоја компанија и секој оддел за финансии неизбежно се соочија со бројни предизвици. Подготовка за сите можни „сценарија“ и следење на последните трендови за работа со финансии беа клучни за справување со новонастанатата состојба. Во компанија чија што  основна вредност е споделување на знаење, стручноста и знаењето се важни на сите организациски нивоа. Така посветеноста на овој оддел донесе добивка поголема од предвидената и награда за највисока бонитетна А оцена за деловна успешност за 2021 година доделена од Таргет груп.

3. Награда за Жена претприемач на годината 2021

Предизвик: Економско зајакнување на жените

Решение: Промоција на женското претприемништво.

Светскиот ден на женското претприемништво, 19 ноември годинава го обележа наградата од големо значење за Семос Едукација, успешно предводена од жена претприемач.

Во конкуренција од 40 компании на чие чело се жени, според добиените податоци од Централниот регистар на Македонија, само оваа компанија ги задоволи критериумите во целост.

Критериумите опфаќаат повеќе аспекти на работа на компаниите. Освен основните показатели, кои Министерството за економија ги добива од Централен регистер, како што се основната дејност да не е трговија, да се активни последните три години, претпријатието да биде во сопственост на жена над 50 % и управител да биде жена во истото претпријатие, да бидат минимум 51% во домашна сопственост и секоја наредна година да остваруваат поголем приход.

На годишниот Самит на женско претприемништво, успешното менаџирање, извонредните резултати во работењето и почитувањето на компаниските вредности, на Валентина Тасева, Генерален директор и сопственик на Семос Едукација и ја донесоа наградата за “Жена претприемач на годината 2021” во категоријата мали компании.

„Бизнис заедницата, посебно младите претприемачи кои ги поставуваат темелите на своите стартап бизниси, треба да ги зацврстат со многу работа и вложен напор, одрекувања но и ризици кои не само што ќе му дадат стабилна основа и позитивен имиџ на бизнисот, туку и ќе придонесat за тоа да се изградат како личности и да носат помудри одлуки во иднина“– истакна Валентина Тасева.

Размислете со какви предизвици се соочувате и побарајте решение. Не се знае, можеби решенијата ќе бидат наградени.

За Крај од Семос Едукација ни порачуваат „Ние сме сонувачи кои што остваруват, бидете и вие!“


Видете следно

Каратистите на „Макпетрол” доминантни на младинското државно првенство

Натпреварувачите на карате клубот „Макпетрол” викендов во Гостивар имаа извонредно енергичен и убедлив настап на …