Breaking News

Триесет и шест ученици од Кавадарци оваа учебна година се испишале и заминале во странство


Триесет и шест ученици од општина Кавадарци оваа учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство. Вака денеска беше одговорено од Секторот за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа, на прашање од советникот Круме Богевски, во рамки на седница на Совет на општината. Во оваа бројка влегуваат 30 ученици од основните и шест од средните училишта.


Во оваа учебна година, во основно образование се запишале 3.129 ученици. Во средно образование, 1.428 средношколци. свд/сст/