Триглав Осигурување Скопје оствари раст на премија во првиот квартал од 2018 година


Групацијата Триглав успешно работеше во првото тромесечје од оваа година. Добивката пред оданочување изнесуваше 27,5 милиони евра, што е 8% повеќе од истиот период минатата година, а остварената нето добивка во висина од 23,3 милиони евра е 5% поголема од истиот период минатата година. Триглав обезбеди 4% повисока консолидирана бруто премија – вкупно 293 милиони евра, додека раст на премија е забележан на сите пазари на кои работи Групацијата. Во првите три месеци од оваа година,  врз работењето немаа влијание масовни штетни настани, а приносите од финансиски вложувања, согласно очекувањата, беа пониски од минатогодишните во истиот период. Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, во 2018 година продолжува со спроведување на своите стратешки насоки. Во согласност со стратегијата за раст и развој, по минатогодишниот влез на пазарот на доброволно пензиско осигурување во Босна и Херцеговина и на македноскиот пазар на осигурување на живот, оваа година Групацијата со купување на мнозински удел, влегува на пазарот на пенизски осигурувања во Хрватска. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал на 2018 година обезбеди 9% повисока бруто полисирана премија споредено со истиот период минатата година.

 Профитабилно работење. Групацијата Триглав во првото тромесечје од 2018 година оствари 27,5 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за 8% повеќе од минатогодишната во истиот период. Порастот на нето добивка изнесува 5%, односно 23,3 милиони евра. Реализираните деловни резултати се пред сè одраз на доброто работење во доменот на осигурувањето. Споредено со истиот период минатата година, Групацијата оствари раст на премија од 4%, кој што е поголем од растот на нето трошоци за штети (индекс 102), додека порастот на оперативни трошоци од осигурителна дејност изнесува 4%.

Раст на премија на сите пазари. Групацијата Триглав обезбеди 293 милиони евра консолидирана бруто премија, што е 4% повеќе споредено со истиот период минатата година. Реализиран е раст на премија на сите пазари на кои што Групацијата Триглав е присутна. Растот во Словенија во просек изнесува 4%, а надвор од Словенија 6%. Од гледна точка на сегменти на осигурување, Групацијата забележа раст на премија кај неживотните и здравствените осигурувања (кај обете индексот е 106), додека кај осигурувањата на живот обезбеди 3% пониска премија, што првенствено е одраз на позитивните еднократни настани во првото тромесечје од минатата година.

Без масовни штетни настани. Во првите три месеци од оваа година врз работењето на Групацијата Триглав немаа влијанија масовни штетни настани. Бруто ликвидирани штети изнесуваа 171,0 милион евра, што е 12% повеќе од штетите ликвидирани во истиот период минатата година. Зголемувањето е претежно последица на исплата на настанати и пријавени штети во текот на 2017 година во областа на неживотни осигурувања, кои што соодветно беа резервирани и реосигурени, како и зголемување на осигурителното портфолио во областа на здравствени осигурувања и поголемо учество на штети заради изменета старосната структура на осигурениците. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав на крајот на тромесечјето изнесува 88,5%.

Видете следно

HUAWEI P20 Pro на Huawei прогласен од EISA за „Најдобар паметен телефон на годината”

Huawei Consumer Business Group денес доби награда од Европската Асоцијација за слика и звук (EISA) …