Триглав осигурување – Скопје оствари значајни резултати во првата половина од годинава


Триглав Осигурување – Скопје во првата половина од годинава оствари раст на бруто полисирана премија од 12,4 проценти.

– Значајниот пораст во бруто полисираната премија од повеќе од 12 проценти во најголема мера се должи на фокусот на компанијата кон развој на сопствената продажна мрежа, вели Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување.

Во иднина се планира раст на пазарниот удел усогласен со растот на пазарот на неживотно осигурување и во согласност со стратешките насоки на групацијата за профитабилно и сигурно работење.

Во првата половина од оваа година компанијата доби од Агенцијата за супервизија на осигурување лиценца за продажба на нов осигурителен производ во доменот на здравственото осигурување.

Со тоа, Триглав Осигурување ќе може да го прошири својот спектар на осигурувања и на клиентите да им обезбеди дополнителна сигурност, што се очекува од водечката македонска осигурителна компанија.


Видете следно

Претседателот Пендаровски му ја додели Наградата за Македонски квалитет на Пакомак

Пред многубројна публика, претседателот Стево Пендаровски му додели Награда за Македонски квалитет на Пакомак за …