Трипуновски:Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра


СДСМ прави поткуп на земјоделците со нивни пари кои не им ги исплаќаше до сега. Ова ја фрла најтемната дамка на изборите и претставува брутална навреда на честа и достоинството на работните земјоделци.

Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои земјоделците ги следуваат согласно закон, тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев.

СДСМ продолжува да ги лаже земјоделците. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра.

Им порачуваме на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. Никој не смее да ги поткупува со нивни пари, тоа се пари кои ги следуваат и кои ќе си ги земат согласно закон. Дополнително по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по 12 април ќе извршиме исплата на сите застанати субвенции, кои оваа власт не ги исплатила.


Видете следно

АНАЛИЗА: ДЕЛ ДВА: Згради, по неколку куќи, штедни влогови – што споредуваат пратениците од ДУИ и ДПА!

Некои без банкарски сметки, други со штедни влогови, некои немаат сопстевна куќа или стан, други …