SAMSUNG CAMERA PICTURES

Тркалезна маса на тема: Младите во Крива Паланка-состојби и предизвици


Здружението ,,Центар за младински иницијативи Цик-Цак“ од Крива Паланка, денес одджа тркалезна маса на тема:  Младите во Крива Паланка-состојби и предизвици. Тркалезната маса се одржува во рамки на проектот ,,Чекор поблиску“, кој е финансиран од страна на општината по Јавниот повик за финасиска поддршка на здружнија и фондации.

Проектот има за цел унапредување на општествената состојба на младите во Крива Паланка преку дефинирање на потребите на младите и јакнење на врските помеѓу младите,младинските организации и општината.

Во рамки на тркалезната маса, беа презентирани резултати од анализата на анкетниот прашалник, кој ова здружение го има спроведено, а кој се однесува на проблемите и потребите со кои се соочуваат младите на локално ниво, кој е спроведен на репрезентативна бројка од 312 лица на возраст од 14-29 години.

Како следна фаза од овој проект е предвидено, издавање на публикација за кокретните анализи, заклучоци и препораки, како и електронски пристап до анализите и податоците со кои ќе распполага ова здружение.

 


Видете следно

Министерот за култура се обрати на Меѓународниот семинар по балканологија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска учестуваше и ги поздрави присутните на Меѓународниот семинар по …