Царовска: Минималната плата во следниот мандат ќе ја зголемиме до 40%, а просечната до 30%


 Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска синоќа на трибина во Аеродром рече дека изминатите три години се направени клучни реформски процеси кои значат многу за развој на праведно општество и вложување во граѓаните.
-Не запираме тука, туку продолжуваме со реформските процеси. Минималната плата во следниот мандат ќе ја зголемиме до 40%, а просечната до 30%. Не ги забораваме и највозрасните. Новото ниво на минимална пензија ќе изнесува 10.700 денари, додаде Царовска.
Царовска истакна дека СДСМ е партија којашто вложува во најранливите и нивните деца.
-Направивме реформи на коишто на сиромашните не им се даваат повеќе трошки, туку ги враќаме на пазарот на трудот. Им го враќаме достоинството пред нивните деца. Не запираме тука затоа што сите заедно можеме многу повеќе и уште подобро, рече Царовска.
Скопје, 26 јуни 2020 (МИА)

Видете следно

Бесими очекува четири отсто раст наредната година и Буџет што ќе го поддржи економското закрепнување

Раст од четири отсто догодина согласно основното сценарио изработено од Министерството за финансии, очекува министерот …