Царовска на состанок на COST: Воведуваме целосно нов начин на финансиска поддршка за науката и истражувањата


Министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн-состанок со Роналд де Бруин директор на Организацијата за Европска соработка во науката и технологијата (COST), ја нагласи заложбата на Владата за суштинска промена на третманот на науката и зголемување на нивото на јавни вложување во научно-истражувачка дејност, соопшти Министерството за образование и наука.

– По долгогодишна маргинализација на науката во Северна Македонија и во услови на пандемија ја адресиравме потребата за планско финансирање на национални истражувачки проекти. Пандемијата потврди дека улогата на науката и технологијата во решавањето на предизвиците на современото живеење е круцијална и затоа буџетот за наука мора постојано да се зголемува, рече Царовска.

Потребни се поголеми вложувања во науката, бидејќи таа е основата за целокупниот развој и напредок на општеството. За таа цел МОН соопшти дека воведува три нови начини на финансирање. Грантовото е достапно од годинава преку иновациските ваучери на ФИТР. Од идната година се воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финансирање кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов Законот за научно-истражувачка дејност.

Република Северна Македонија соработува со европската мрежа на научници преку организацијата COST, којашто обезбедува поддршка за активности за вмрежување и ги координира национално финансираните истражувања.

– По состанокот, над 60 учесници главно од академските институции, учествуваа на виртуелниот СОЅТ-инфоден за Северна Македонија, на кој се дискутираше за можностите за учество во СОЅТ програмата на земјите членки, наведува МОН.

Нашата земја членува во СОЅТ од 2002 година. COST (Cooperation in Science and Technology in Europe) е најстара и најголема програма за вмрежување во науката во Европа, основана во 1971 година со седиште во Брисел. СОЅТ има годишен буџет од околу 45 милиони евра и во оваа програма, покрај членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Молдавија и Турција), како и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово). хс/са/

Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) –


Видете следно

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

Консултативната работна група, формирана да го надгледува процесот и да дава предлози за подобрување на …