Царовска: Нудиме комбиниран модел за почеток на наставата


Скопје, 31 август 2020 (МИА) – Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, посочи министерката за образование и наука Мила Царовска по двата одделни состанока со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, но и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.

-За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата, рече Царовска на работниот состанок.

Царовска, информираат од МОН, посочи дека сепак во објектите кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава.

Министерката за образование и наука истакна дека е свесна дека секој наставник, ученик, родител има свои желби и размислувања за тоа како треба да изгледа наставата, но додаде дека треба да се најде баланс меѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска рече дека со заеднички заложби е сигурна дека успешно ќе ја завршиме оваа училишна година.

На состанокот, средношколците побараа да бидат вклучени како рамноправен партнер во сите политики коишто се однесуваат на младите и учениците. На средбата беше донесен заеднички заклучок дека продолжува соработката и дијалогот меѓу средношколците, наставниците, родителите, Министерството за образование и наука и другите институции, со цел да се најде најдоброто решение за наставата и образовните процеси во услови кога земјата се соочува со пандемија.

Претставниците на Иницијативата на родители изразија задоволство што Владата нуди комбиниран модел за започнување на учебната 2020/2021 година


Видете следно

ФДА го одобри „Ремдесивир” за лекување Ковид-19

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на …