Царовска во работна посета на Пробиштип: Воведиме бенифициран стаж за рударите и ги зголемивме капацитетите во градинките


Министерката за труд и социјална политка Мила Царовска денеска беше во работна посета на Пробиштип, каде што се сретна со градоначалникот Драган Анастасов со рударите, вработените во градинката и во Центарот за социјални работи.

На средбата со рударите министерката Царовска истакна дека Владата на Република Северна Македонија во програмата за работа 2017/2020 година се обврза дека ќе воведе бенифициран стаж за рударите.

„Со најновите законски измени коишто се на сила исправаме една голема неправда за рударите коишто работат под земја, со тоа што од почетокот на годината тие може да оствратат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Со овие измени во првите три месеци од годината право на пензија остварија околу 40 рудари“ рече Царовска.

При постетата на градинката во Пробиштип, министерката Царовска рече дека МТСП за 2019 година има зголемување за 300% на буџетот планиран за изградба и проширување на објектите за детска заштита низ цела држава. Со проширувањето на постојниот објект на градинката во Пробиштип коешто е во завршна фаза се решава долгогодишен проблем за згрижување на децата и се добива повеќе простор за околу 40 деца.

Министерката со вработените во Центарот за социјални работи разговараше за имплементацијата на социјалната реформа којашто е во собраниска процедура. Вработените посочија дека навреме ги завршиле сите подготовки и системот е спремен за да се стартува со исплата на зголемените социјални трансфери веднаш по изгласувањето на законите во Собранието.

Со социјалната реформа за 300% се зголемува сумата којашто ќе ја добиваат корисниците на социјална помош, истовремено за 20 пати се зголемува и бројот на деца кои ќе имаат пристап до детскиот и образовниот додаток и се воведува социјална сигурност за повозрасните.  Ова значи трајно извлекување од сиромаштија за 400 илјади граѓани, значително намалување на детската сиромаштија, унапредување на правата на лицата со попреченост, и поквалитетно предучилишно образование.


Видете следно

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. …