Царовска во Тетово: Во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари 


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со пензионерите од Тетово со кои разговараше за претстојното зголемување на пензиите, но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација.

“Со пензиската реформа само за една година направивме заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а минималната плата порасна за 15% што ни дава за право да направиме трето усогласување на пензиите коешто ќе биде законско. Во јануари 2020 година сите пензии ќе пораснат за 700 денари и дополнително ќе се усогласат со 160 до 200 денари со што до крајот на 2020 покачувањето ќе изнесува околу 900 денари”, рече Царовска.

Царовска истакна дека покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата.

Илија Ивановски, заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување истакна дека пензиите се покачуваат во време кога приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10%.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова рече дека секој заслужува достоинствен живот и истакна дека дополнителните 700 денари коишто ќе ги добијат сите пензионери ќе значат најмногу токму за пензионерите со минималните пензии, а такви се 44% од вкупниот број пензионери.

На средбата во Тетово присуствуваше и претседателот на тетовското здружение на пензионери, Селвер Амети.

 


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …