Царовска, Жбогар и Мантованели во Демир Капија: Со вложување во туризмот го развиваме локалниот економски развој


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и директорот на Светска Банка за Северна Македонија Марко Мантонавели денеска ги посетија винариите Попова Кула во Демир Капија и Лазар кои се дел од шеесетина проекти за развој на туризмот.

Вкупната инвестиција е 18 милиони евра средства кои се обезбедени од Европската делегација и Светска банка. Преку овие проекти директно се вложува во 10 дестинации низ државата.

“Сметам дека преку оваа програма во која директно се поттикнуваат компаниите да инвестираат 50% од инвестицијата, а 50% ги покрива проектот добиваме можност да се имплементираат соодветни проекти коишто нудат нови содржини. Со ова директно се влијае на развојот на економијата на Тиквешијата и навистина сметам дека понатаму на овој начин ако како држава инвестираме во туристичките дестинации и ги развиваме истите, ги поддржиме компаниите но исто така и општините може да добиеме навистина една поинаква слика за туризмот којшто нуди огромни можности”, рече Царовска.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека проект којшто го реализира ЕУ заедно со Светска Банка е да се изгради вински бренд којшто ќе може да го промовира туризмот во земјава.

“Водичот за Lonely Planet ја стави Република Северна Македонија помеѓу топ 10 дестинации коишто би требало да бидат посетени во рамките на 2020 година, такашто јас мислам дека тоа претставува навистина прекрасна можност да може да се развие туризмот во вашата земја”, рече Жбогар.

Мантованели изјави дека му е драго што се работи на проект за унапредување на туризмот.
“Ние сме Агенција за економски развој и за нас туризмот е важен фактор за економскиот раст и за промоцијата на една земја. Но тука не станува збор само за економијата; преку туризмот државите му го покажуваат на светот она што имаат да го понудат. Како банка горди сме што ѝ помагаме на Северна Македонија да ја промовира културата и да привлекува посетители и со тоа да си носи економски раст токму преку оваа култура. Секако, ова не немаше да биде возможно ако

немавте одлични производи за пласирање на пазарот и затоа, со Владата започнавме програма за модернизација на земјоделството со што земјоделците ќе може да го подобрат квалитетот на своето производство”, рече Мантованели.


Видете следно

Мерката за субвенционирање придонеси ја користат 22 илјади компании

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, …