Царвоска: Правиме заеднички напори за намалување на невработеноста


Министерката за труд и социјална политика Мила Царвоска денеска учествуваше на координативен состанок за вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија.

„Правиме заеднички напори за решавање на еден од најгорливите проблеми во македонската економија-креирање на работна сила со вештини и компетенции кои соодветсвуваат на потребите на пазарот на трудот во Република Македонија и со тоа намалување на невработеноста.“ – изјави Царвоска во нејзиното обраќање.

Во оваа насока Министерсвото за труд и социјална политика веќе активно ја спроведува програмата младинска гаранција. Пилот проектот се реализира во три општини. Досега дури 1.708 млади лица се пријавиле во Агенцијата за вработување, а од нив 490 веќе успеале да се вработат. Има такви, односно над 70 кои основале свој бизнис искористувајќи ги мерките за помош од државата.

Министерството за труд и социјална политика продолжува активно да работи заедно со посредници и Агенцијата за вработување за зголемување на достапноста на работните места. Исто така, се отвораат тренинг центри за стручно образование во кои невработените лица ќе добиваат соодветна обука.

Целта на денешниот состанок е да се слушнат идеите на организациите и приватниот сектор за зајакнување на меѓусебната соработка, која треба обезбеди поквалитетен пазар на трудот во Македонија. Состанокот беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Министерството за труд и оцијална политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти.

Видете следно

ССК: Странски инвестиции со фокус на заеднички вложувања

Подобрување на деловниот амбиент преку интензивирање на соработката на домашни и странски инвеститори во земјата, …