ЦЕФТА – Договорот е веќе надминат и треба да се премине во нова фаза – беше констатирано на панелот „Западен Балкан – регионален економски простор“ во рамки на вториот ден од Копаоник Бизнис Форум.


На панелот, меѓу другите, говореа и Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија, Горан Свилановиќ, поранешен министер за надворешни работи на СРЈ и СЦГ како и Сафет Герксалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестиционен форум за Западен Балкан

 На овогодинешниот, 26-ти Копаоник Бизнис Форум петтиот панел во рамки на вториот ден предизвика голем интерес меѓу учесниците на Форумот во хотел “Гранд“ на Копаоник од причина што се зборуваше за потребата од обединување на економиите во регионот заради постигнување на поголема конкурентност на европскиот пазар.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, рече дека е важно да се запрашаме дали сакаме заедничко економско подрачје во регионот или не. Според него, би требало да се направи нов сеопфатен договор во кој би биле решени сите прашања што се однесуваат третман на регионот како еден заеднички пазар.

Стопанските комори се во дијалог со владите и постои волја за обединување на економиите.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека бизнис заедниците соработуваат но проблем се политичките елити кои тврдат дека ги поддржуваат процесите на усогласување на различните системи но кога треба тоа да се имплементира настануваат проблеми.

Иако поминаа речиси 12 години од склучувањето на ЦЕФТА-Договорот, земјите од регионот не ја искористија можноста регионално да се поврзат и да соработуваат, по примерот на земјите од Европската унија, кои економскиот раст го темелат токму на трговската интеграција, – истакна  Азески пред присутните. – Нема никакви дилеми дека единствен извор за одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан кој ќе ги приближи кон земјите од ЕУ е токму интензивирањето на регионалната економска интеграција и зголемувањето на трговската соработка во рамките на регионот. Земјите од Западен Балкан како мали економии можат да ја подобрат алокацијата на ресурсите и да ја зголемат својата продуктивност единствено преку искористување на економијата од обем со поголема регионална и меѓународна интеграција. Тие можат да ја подобрат својата позиција на глобалните пазари само ако соработуваат со други поразвиени земји, обезбедувајќи на тој начин трансфер на технологија и знаење што ќе им овозможи да се вклучат во нивните синџири на снабдување преку производство и извоз на производи со повисок степен на финализација и додадена вредност.

 Според Герксалиу, политиччарите трошат повеќе енергија да го разубават минатото отколку да ја градат иднината и секогаш повеќе зборуваат за политичката отколку за економската димензија на евроинтеграциите.

На темата дискутираа и Властимир Голубовиќ, претседател на Црногорската стопанска комора, Боштјан Горјуп, претседател на Трговско-индустриската комора на Словенија и Немања Васиќ, претседател на Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, сите согласувајќи се дека малите економии на подрачјето на поранешна Југославија се соочуваат со слични проблеми и им се наопходни заеднички развојни чекори.

 Азески говореше и за потребата од одлучна борба со корупцијата како и интензивна дигитализација на јавниот сектор кој ќе понуди ефикасни јавни услуги за бизнис секторот во секоја од земјите на Западен Балкан, но и меѓусебно поврзување со ЕУ поддршка.

 – За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговијата, сега е вистинското време да се повлечат мудри потези поткрепени со силна поддршка од Европската унија и од  другите релевантни меѓународни чинители во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговска соработка, со што ќе се обезбеди економски просперитет за сите земји. Затоа, неопходни се политички консензус и волја кај сите чинители во регионот за придвижување на овој процес, како и директна поддршка од ЕУ, која е вклучена во интеграцискиот процес и го гледа регионот како просперитетен иден политички и економски партнер на Унијата – рече Азески.

Свилановик како добар пример на соработка во регионот го наведе договорот за намалување на цените во роаминг.

И годинава на „српскиот Давос“ учествуваат премиерката и дел од министрите во Владата на Р. Србија, најзначајни бизнисмени од Србија и регионот од секторите: банкарство, осигурување, трговија, туризам, енергетика, земјоделство, фармацевтската индустрија и IT секторот. Исто така најавено е присуство на претставници на меѓународни финансиски институции како EBRD, EIB, IFC, WB, IM, амбасадори како и претставници на бизнис заедниците од Македонија, БИХ, Хрватска и Црна Гора.

Копаоник Бизнис Форум, кој го организира Сојузот на економисти на Србија во партнерство со компанијата Mastercard претставува вистински празник за економистите, саем на идеи, како и своевиден годишен reality check за креаторите на економската  политика, место каде што се сумираат резултатите резулататите од економските политики спроведувани помеѓу два настани.

Концепциски покровител на Копаоник Бизнис Форум веќе 11 години е претседателот на Владата на Р. Србија.

Копаоник Бизнис Форум има свој официјален веб сајт- www.kopaonikbusinessforum.rs на кој може да се најдат сите информации за програмата и учесниците.

Заклучоците и од овогодинешниот Форум ќе бидат сумирани во документот „Копаоник консензус 2019“.

 За сите дополнителни информации можете да се обратите во Represent Communications, овластената агенција за односи со јавност. Лица за контакт: Наташа Велковска 076 299 896 и Наташа Божиновска Миркова 070 206 454.

 


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …