Цели пет месеци струмичка пекарница обезбедува по еден бесплатен оброк за ранливи категории граѓани


Пекарницата којашто работи во склоп на социјалното претпријатие на граѓанската организација Избор ги помага граѓаните полесно да го поминат периодот на ковид – кризата. Акцијата почнала за да им се излезе во пресрет на оние струмичани коишто се борат за оброк повеќе овој период, а во пекарницата пак, работат лица кои се борат со зависности и работата им е дел од рехабилитациоскиот процес, соопштува Канал Вис.

Во Центарот за згрижување и поддршка на жени жртви ан смеејно насилство велат дека ваквите иницијативи се потребни бидејќи од почетокот на карантинот и полициските часови дрстично пораснал бројот на жртви.

Пекарницата е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) преку Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи. Целта е да се постигне долгорочна финансиска одржливост на обезбедените локални социјални услуги и да им се понуди работа на ранливите групи.

Погледнете го видео прилогот на Канал Вис


Видете следно

По повод Светскиот ден на туризмот денеска ќе се одржи Конференција за туризам „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време”

Конференција за туризам насловена „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на …