Цената за приклучок на парно греење е намалена за 37 проценти


Цената за приклучок на парно греење е намалена за 37 проценти, односно од 3.180 денари на 2.000 денари по инсталиран киловат, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Според Бислимовски, со оваа мерка се стимулираат иневститорите да се приклучуваат на еколошки системи, но и да се зголеми бројот на корисници со што ќе се намалува и цената за топлинска енергија до крајните потрошувачи.

-По намалувањето на цената за приклучок на електрична енергија од 500 евра на 370 евра, денеска ја намаливме и цената за приклучок на нови објекти што ќе бидат приклучувани во наредниот период. Со тоа продолжуваме да даваме сигнали до иневститроите да се приклчуваат на еколошки системи, а имајќи предвид дека производството на топлинска енергија во Скопје е на природен гас, даваме уште поголем сигнал за зголемување на бројот на потрошувачи приклучени на овој систем, а со зголемувањето на бројот на потрошувачи сакаме да ги намалуваме цените за топлинска енергија до крајните потрошувачи, истакна Бислимовски на прес-конференција.

Тој најави и дека со новите мрежни правила за дистрибуција на електрична енегија РКЕ ќе врши засилена контрола на работењето и одржувањето на системот за дистрибуција на топлинска енергија што сам ги носеше операторот. Сега тие ќе бидат одобрувани од страна на РКЕ.

-Продолжуваме да воведуваме нови начини на контрола на компаниите кои дистрибуираат топлинска енергија, подвлече Бислимовски.

Според најновите анализи на РКЕ, во Скопје цената на топлинската енергија е најниска во однос на други поголеми градови од регионот.

-Цената во Скопје е за 77 отсто пониска од онаа во Белград, за 36 отсто пониска од онаа во Љубљана, за 27 отсто пониска од онаа во Сараево, за 26 отсто пониска од онаа во Нови Сад и за 8,4 проценти пониска од онаа во Софија. Верувам дека ова е уште еден доказ со кој ќе им дадеме сигнал на инвеститорите кои градат згради, своите новоизградени објекти да ги приклучат на системот за топлинска енергија. Притоа, треба да се знае дека сите нови згради кои ќе бидат приклучени ќе мора да постават каломериметри за секој стан, потенцира претседателот на Регулаторната комисија.

Продолжува на следната страна


Видете следно

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај Европската …