Цените на индустриските производи со раст на годишно ниво од 1,2 отсто


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава немаат промена на месечно ниво, а на годишно ниво бележат раст од  1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во октомври 2020, во споредба со септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0.6 отсто, Капитални производи за 0,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто

Во октомври 2020, во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за шест отсто, Трајни производи за широка потроошувачка за 3,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.скс/

Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) 


Видете следно

Кина ги надминува Соединетите држави и станува најголемата економска моќ

Кина може да ги надмине Соединетите држави како најголема економија во светот, вели економистот на …