epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Цените на индустриските производи во јуни со раст од 19,6 отсто на годишно ниво


Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, а за 19,6 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јуни, во споредба со мај 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 0,6 проценти, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,4 проценти.


Во јуни годинава во споредба со јуни лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16,2 отсто, во Преработувачка индустрија за 19,1 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 32,8 отсто. лв/сп/

Скопје, 10 август 2022 (МИА)



Видете следно

Бектеши: Целосно сум фокусиран на енергетската криза

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема време да размислува за евентуалните промени во …