Цените на производителите на индустриските производи пониски на месечно, повоски на годишно ниво


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво и повисоки за 0,2  отсто на годишно ниво, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 0,1 отсто, трајни производи за широка потроошувачка за 3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Светската банка годинава ќе обезбеди кредит од 50 милијарди американски долари за 48 африкански субсахарски земји

Светската банка соопшти дека годинава ќе обезбеди кредит од 50 милијарди американски долари за 48 …