ЦИК: „Промените продолжуваат“ освои 25,65 отсто од гласовите на изборите во Бугарија, ГЕРБ втора со 22,8 отсто


По обработени 99,51 отсто од гласачките ливчиња бугарската Централна изборна комисија денеска соопшти дека коалицијата на левиот центар „Промените продолжуваат”, на двајцата привремени министри за економија и за финансии, Кирил Петков и Асен Василев, освои 25,65 отсто од гласовите на вчерашните предвремени парламентарни избори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила во земјата и со застапеност во Народното собрание со освоени 22,80 отсто од гласовите, ДПС е трета со 12,92 отсто, БСП е четврта со 10,26 отсто, петта е партијата „Има таков народ” на Слави Трифонов со 9,52 отсто, шеста е „Демократска Бугарија – обединување” за која гласаа 6,34 отсто, додека последната партија што го мина цензусот и влезе во 47. Народно собрание е „Препород” со 4,86 ​​отсто. Оваа антиевропска и проруска партија е позната по пораките против вакцинацијата и против членството на Бугарија во НАТО и воведувањето на еврото.


Во претседателската трка, двојката Румен Радев и Илијана Јотова освоија 49,45 отсто од гласовите на бугарските избирачи, а нивните противкандидати Анастас Герџиков и Невена Митева собраа 22,85 отсто, додека трети беа кандидатот на ДПС Мустафа Карадај и Искра Михаилова кои добија 11,51 отсто од гласовите. нк/сд
Софија, 15 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …