Црна Гора прогласи крај на епидемијата на корона вирусот


Крај на епидемијата на корона вирусот се прогласи во Црна Гора, одлучи Националното координативно тело, по предлог на Институтот за јавно здравје.
“Ова е резултат на неколкумесечни напори на сите во системот и на нашите граѓани. Ви благодарам за довербата. Некои мерки ќе бидат укинати, но како што продолжува пандемијата, мерките против увозот на вирусот остануваат на сила”, соопшти владата на својот официјален профил на Твитер.

Поминаа 28 дена откако не се регистрирани нови случаи на коронавирус во Црна Гора. Тоа значи дека се исполнети сите услови за таа официјално да прогласи крај на епидемијата, пренесуваат црногорските медиуми.

„Од вчерашниот пресек на состојбата, завршени се анализи на 133 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на зараза. Се уште нема активни случаи“, објави претходно Институтот за јавно здравје.

Првиот случај на коронавирус во Црна Гора е регистриран на 17 март.

Регистрирани се вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 закрепнати, а девет починати. Во моментов, 1.064 луѓе се под надзор.


Видете следно

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам со сите партии, услови не прифаќам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори …