Црни месеци за Форд: Акциите на компанијата паѓаат, а прогнозата негативна


Moody’s Investors Service го намали кредитниот рејтинг на американскиот автомобилски концерн Ford Motor Co. Ова е најниска инвестициска оценка. Прогнозата е негативна, а акциите на Форд паѓаат за 0,45%. “Намалувањето на рејтингот на Ford одговара на слабеењето на позициите на компанијата на пазарот и индикациите дека ќе има проблеми при реализацијата на програмата Fitness Redesign”, се вели во пораката на Moody’s.

Негативно влијание има падот на трговските индикатори на Форд во Северна Америка, загубите на концернот во Кина за првото полугодие од 2018-та во износ од $ 633 милиони, како и во Јужна Америка, а исто така и во Европа поради очекувани проблеми поврзани со Brexit. Од почетокот на годината, акциите на Форд поевтинија за 20%.

Истовремено стана познато дека компанијата планира да cĸpaти дo 24 000 paбoтни мecтa и дa го cопpe пpoизвoдcтвoтo нa мoдeлите Ѕ-Мах, Gаlаху и Моndео, инфopмиpa Аutо Моtоr und Ѕроrt. Fоrd зaгyби 73 милиони евра во Европа во пeриодот април – јуни поради падот на продажбата.


Видете следно

Сега е времето да кажете ДА! на фустанот на вашите соништа: Седмиот The Bridal Fashion Night закажан на 4 февруари

Идните невести ќе имаат уште една шанса да ги видат најубавите венчални фустани на седмиот …