Црвениот крст на РСМ заедно и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, денес доделија благодарници


Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството, се приклучи кон глобалната кампања за промоција на крводарителството под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“.

Црвениот крст на РСМ заедно и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, денес им доделија благодарници на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на РСМ во знак на благодарност за досеганата соработка на полето на крводарителството. Благодарници добија и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска за личен пример, поддршка, поттикнување и соработка.


Воведно обраќање имаше и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија Саит Саити каде истакна дека пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас. Во текот на пандемијата со Ковид-19 и покрај ограничената мобилност и другите предизвици кои таа ги донесе со себе, дарителите на крв продолжија да даруваат крв и плазма за пациенти на кои им е потребна трансфузија. Овој извонреден напор за време на пандемија, ја нагласува клучната улога на добро организираните, посветени, доброволни и неплатени дарители во процесот на снабдување со крв во тековни и вонредни околности.

На самиот настан преку ЗООМ платформата директно се јавија од Дневниот центар за дарување крв каде даруваа крв припадниците од АРМ и од Институтот за трансфузиона медицина каде даруваа крв припадниците од МВР.


Видете следно

ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19

Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) – ЈуТјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира …