Црвениот крст со акција за помош на настраданите во експлозијата во Бејрут


Скопје, 6 август 2020 (МИА) – По повод завчерашната експлозија во пристаништето во либанскиот главен град Бејрут, Црвениот крст на Република Северна Македонија информира дека се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: „Помош за настраданото население во Либан”, како и да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.

Оттаму посочуваат дека средствата можат да се донираат од 7 август до 20 август 2020 година и тие ќе бидат префрлени на Црвениот крст Либан за настраданото население во Бејрут.

Воедно, Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.


Видете следно

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Скопје, 20 септември 2020 (МИА) – Довербата во домашниот финансиски систем е висока и во …