Тупанчески – Стојменова Дух: Поддршка од Словенија во преговарачкиот процес со ЕУ


Министерот за правда Никола Тупанчески во Љубљана се сретна со словенечката министерка без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух.

Како што соопшти Министерството за правда, Стојменова, која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.


Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за дигитализацијата во нашиот судски систем, што ќе биде предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција.

На средбата, како што се наведува, беше нагласена потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.


Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област, нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес .

-Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ, се вели во соопштението од Министерството за правда. мд/са/



Видете следно

Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на Собранието

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе го посети Парламентот и ќе се сретне …