Туречи: Вакцината против коронавирусот на „Фајзер” и „БиоНТек” е безбедна за луѓето кои веќе имале Ковид-19


Вакцината против коронавирусот на „Фајзер” и „БиоНТек” е безбедна за луѓето кои веќе имале Ковид-19, изјави денеска членот на управниот одбор на „БиоНТек”, д-р Озлем Туречи.

-Вклучивме луѓе кои претходно биле заразени и кои не биле заразени со коронавирусот и не видовме никакви разлики во безбедносниот профил, изјави Туречи пред новинарите за време на брифинг, непосредно откако британската Влада денеска соопшти дека ја одобрила нивната вакцина, јави Си-Ен-Ен.

Луѓето кои имале Ковид-19 веројатно имаат одреден имунитет на коронавирусот, но не е јасно колку трае таа заштита.

„Фајзер” минатиот месец соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна во околу 95 проценти седум дена по давањето на втората доза кај луѓе кои имале Ковид-19 и кај оние кои немале.

Двете фармацевтски компании на 20 ноември аплицираа за итно одобрување и до американскиата Управа за храна и лекови, ФДА, чиј советодавен одбор ќе одлучува на 10 декември. сд/
Њујорк, 2 декември 2020 (МИА)


Видете следно

Собранието разгледа повеќе закони, гласањето ќе биде дополнително закажано

Пратениците попладнево ја продолжија 29. седница, на која на дневен ред се повеќе закони од …