Туристички бум: Бројот на странските туристи во Македонија зголемен за 13.8 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2018 година изнесува 41 182, а бројот на ноќевањата изнесува 89 301.

Бројот на туристите во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 11.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8 %.

Бројот на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 8.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 13.8 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 25.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.3 %.

Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.

Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.0 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.

Видете следно

Царовска: Подготвен Национален акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција

“Насилството врз жените и семејното насилство не е само женско, туку национално прашање, родовата еднаквост …